Sayed Khodaiberdi Sadat
21 Април 2021•Ажурирај: 23 Април 2021
КАБУЛ (АА) - Во бомбашки напад кој во текот на ноќта беше извршен во Кабул, Авганистан, ранети се пет лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Тарик Арјен соопшти дека на „раскрсницата на шехидите“ во Кабул, одекнала силна експлозија.
Помошникот на портпаролот на Министерството, Хамид Рушан, во изјава за медиумите изјави дека во бомбашкиот напад извршен во текот на ноќта биле ранети пет лица.
Очевидците наведуваат дека напаѓачот за цел го имал конвојот припадници на безбедносните сили кои поминувале на таа делница.
Тврдат дека има и загинати, а како последица на детонацијата настанала значителна материјална штета.
Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.