свет, Коронавирус

Повторно се зголемува бројката на починати од Ковид-19 во Латинска Америка

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.321 лице во Бразил, 582 во Мексико, 429 во Колумбија, 316 во Аргентина, 417 во Перу, 40 во Чиле, 41 во Еквадор, 29 во Боливија, 86 во Парагвај и 38 во Уругвај.

Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik  | 21.04.2021 - Обновена : 22.04.2021
Повторно се зголемува бројката на починати од  Ковид-19 во Латинска Америка

БОГОТА

Повторно се зголемува бројката на починати како последица на заразувањето со новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 3.321 лице во Бразил, 582 во Мексико, 429 во Колумбија, 316 во Аргентина, 417 во Перу, 40 во Чиле, 41 во Еквадор, 29 во Боливија, 86 во Парагвај и 38 во Уругвај.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 3.321 лице заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 378.003.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 69.381, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.043.076.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 12.561.689 лица претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 582 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 4.262 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 213.048 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.311.172, а досега оздравеа 1.836.377 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 14. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, според „Worldometers“, веб-страницата која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Колумбија

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 429 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 69.177.

Во последното деноноќие детектирани се 16.965 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 2.684.101. Во оваа земја досега оздравеа 2.505.738 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 13. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 316 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 59.792. Во истиот период детектирани се 29.145 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 2.743.620.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.407.853 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 11. место во светот.

- Перу

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 417 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 3.260 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.719.088, од кои починаа 57.954 лица, а оздравеа над 1.645.100 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле


Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа 40 лица починале од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја се искачи на 25.317.

Во истиот период регистрирани се нови 5.071 случај на заразување со Ковид-19, така што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.136.435, а оздравеа вкупно 1.067.662 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 41 смртен случај, вкупно 17.744 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 591 новозаразен, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 361.154.

Досега во Еквадор оздравеа 309.541 лице што биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 29 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.313.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 291.675, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 12.695. Досега оздравеа 240.336 лица позитивни на коронавирусот.

- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 86 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.603 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 255.046, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 5.470.

Досега оздравеа 209.754 лица позитивни на коронавирусот.

- Гватемала


Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 38 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, со што вкупната бројка на починати достигна 7.279. Во истиот период детектирани се 1.651 новозаразен, вкупно 214.700 од почетокот на заразата.

Досега во оваа земја оздравеа 192.519 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın