Sayed Khodaberdi Sadat
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
МЕЗАР -И ШЕРИФ (АА) - Најмалку 35 талибанци се убиени во акциите кои се спроведени на подрачјето на Џевизџан, на северот од Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Службеникот од Претседателството на Авганистан, Рашид Достум, кој делува на тоа подрачје, изјави за новинарите дека во акцијата изведена на патниот правец Џевизџан-Шар-и Пул убиени се 35 талибанци.
Според него, ранети се 40 талибанци а 15 се заробени. Достум истакна дека талибанците се неутрализирани од 40 села. Напоменува дека акциите на тоа подрачје продолжуваат.