Sayed Khodaberdi Sadat
30 Ноември 2017•Ажурирај: 30 Ноември 2017
КАБУЛ (АА) - Деветте илјади семејства кои избегаа од областа Хогјани во покраината Нангархар, во источен Авганистан, поради судирите меѓу терористичката организација ДЕАШ и талибанците, се засолнија во побезбедни подрачја, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на административната управа на Нангархар, Атаулах Хогјани, во изјава за АА истакна дека илјадници семејства се принудени да мигрираат поради судирите меѓу талибанците и ДЕАШ, кои траат веќе неколку дена во подрачјето Вазир Танги.
Хогјани информираше дека во судирите досега загинале 11 припадници на ДЕАШ, 19 талибанци, како и осуммина цивили. Тој додаде дека 9.000 семејства во подрачјето ги напуштиле своите домови поради судирите и се засолниле во областа Чамтала. Како што истакна тој, овие семејства имаат потреба од итна помош.
Пред околу еден месец, 5.000 семејства ги напуштија своите домови поради судирите во истото место.