Qays Abu Samra,Ali Semerci
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
РАМАЛА (АА) - Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, апелираше до сите страни во Палестина да продолжат со активностите за да постигнат национално единство, јавува Anadolu Agency (AA).
Абас на состанокот на палестинската Влада ја нагласи значајноста на постигнувањето национално единство меѓу Палестинците, а се работи за иницијатива што ја започна токму претседателот на Палестина во април оваа година.
„Важно е да се продолжи со проектот во врска со одржувањето претседателски и парламентарни избори, и да ѝ се даде можност на заедничката влада во Газа да ја извршува својата работа откако ќе биде распуштен извршниот одбор што го формираше Хамас“, изјави Абас.
Тој исто така нагласи дека е многу важно да се продолжи со активностите во врска со реконструкцијата на Газа.
Да потсетиме, Хамас во март фомираше одбор што беше задолжен да ги води владините работи.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас и претходно порачуваше дека ќе ги продолжи напорите за постигнување договор за единство, и покрај поделбите меѓу палестинските фракции.
Челниците на палестинското движење Хамас претходно во неколку наврати нагласија дека очекуваат оти ќе биде постигнато национално помирување во Палестина.