Ekip
29 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ е поодлучна од кога било Парискиот договор за борба против климатските промени да постигне успех, по одлуката САД да се повлечат од договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел во денешниот говор пред германскиот Парламент нагласи дека ЕУ во потполност стои зад својата посветеност на договорот. Таа додаде дека парискиот договор не може да се поништи и оти за него не може да се преговара.
Таа ќе биде домаќин на Самитот на Групата од 20 светски економски сили, кој на 7. и 8. јули ќе се одржи во Хамбург.
Во пресрет на самитот, Меркел денес во Берлин ќе одржи состанок со европските лидери на земјите-членки на Г20.