Ekip
01 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
РАКА/АНКАРА (AA) - Anadolu Agency (AA) дојде до видео снимка на која се гледа како членови на терористичката организација ПИД/ПКК, под маската на борбата против терористичката организација ДЕАШ, во руралните делови на градот Рака во Сирија малтретираат цивили.
На видео снимката се гледа како терористите на ПЈД, огранок на ПКК во Сирија, измачуваат двајца цивили во местото Мансур во западниот дел на Рака.
Можете јасно да се види дека двајцата терористи, на чија униформи се наоѓа фотографија од Абдула Оџалан, лидер на Курдистанска работничка партија (ПКК), им врзала раце и нозе на двајца цивили и ги принудуваа да легнат на земја.
Во еден момент, терористите бараат од цивилите да им кажат каде се наоѓаат членови на ДЕАШ.
„Знаеме дека не си член на ДЕАШ, но кажи ни каде се наоѓаат членови на ДЕАШ", извика еден од терористите, кои ги малтретираа луѓето седејќи на стол кој се наоѓаше над телата на двајца цивили.
Горенаведената видео снимка е направена пред месец дена.
Во друга снимка што е направено пред два и пол месеци, Ахмед ал Абдула Џабар, кој живее во Kaрама, во северниот дел на Рака, зборува за насилство кое го спроведува ПЈД/ПКК откако нивните членови го завзедоа нивното место.
„Единиците кои влегоа во место Kaрама ја скршија вратата на нашите домови и не ограбија. Многу лошо се однесуваа кон нас. Од тука му се обраќам на секој што ме гледа. Нека видат луѓето како не ограбија и малтретираа. Овде состојбата е многу тешка" вели Џабар.
ПЈД/ПКК под контрола држи одредена област во северниот дел на Сирија, во близина на границата со Турција, во северниот дел на Рака, Мунбиџ во источниот дел на Алепо и Aфрин кој се наоѓа во северозападниот дел на истиот град.