свет, спорт

Sвездата на Ливерпул, Садио Мане, гради голема болница во родниот крај

Бјорн Беземер, претставник на фудбалерот, на сенегалските новинари им потврди дека на барање на Мане веќе почнала изградба на болница, додавајќи дека трошоците за изградба ќе чинат околу 3,5 милиони долари

Alaattin Doğru  | 01.04.2020 - Обновена : 04.04.2020
Sвездата на Ливерпул, Садио Мане, гради голема болница во родниот крај

ДАКАР (AA) - Sвездата на Ливерпул, Садио Мане, финансира изградба на голема болница во родниот крај Бамали во Сенегал, а во здравствената установа планирано е да се лекуваат и заболените од коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Бјорн Беземер, претставник на фудбалерот, на сенегалските новинари им потврди дека на барање на Мане веќе почнала изградба на болница, додавајќи дека трошоците за изградба ќе чинат околу 3,5 милиони долари и дека сите трошоци ќе ги финансира еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Истакна дека барале да се забрза изградбата на болницата за да можат во неа да се лекуваат и лицата заболени од коронавирусот.

„Садио Мане сака да го модернизира местото во кое се родил, а таму порано изгради и зграда за средно училиште“, рече Беземер, додавајќи дека Мане на секој начин е гордост на неговиот роден крај и на целата земја.

Додаде дека болницата, откако ќе биде завршена нејзината изградба, ќе пружа услуги на граѓаните од поширокото подрачје на Касаманка.

Sвездата на Ливерпул неодамна донираше и значителна сума пари на својата земја за да помогне на тој начин во борбата против ширењето на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.