Ekipa
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
СТОКХОЛМ (АА) - Во Шведска утрово се отворени гласачките места на општите избори, за кои се очекува да бидат едни од најнепредвидливите и највозбудливи во последните неколку децении поради дебатите за имиграцијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денешните избори ќе бидат први откога Владата на Шведска во 2015 година дозволи во земјата од 10 милиони жители да влезат 163.000 мигранти. Иако таа бројка е далеку помала од бројот на мигранти кои ги прифати Германија, станува збор за најголемиот број мигранти по глава на жител во некоја од земјите на Европската Унија.
Последните анкети пред изборите покажуваа дека владејачката Социјалдемократска партија на премиерот Стефан Лофвен ќе изгуби значителен број пратенички места, но дека и покрај тоа, со 24,9 отсто ќе освои најмногу гласови од бирачите.
Анкетите покажаа и дека крајно десничарската антимиграциона партија Шведски демократи треба да освои 19,1 отсто од гласовите.