Ali H. M.Abo Rezeg
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
АФРИН (АА) - Безбедноста во Африн, кој беше расчистен од терористичката организација ЈПГ/ПКК во рамките на операцијата на турските сили „Маслинова гранка“, ја обезбедуваат „Оперативни сили Сирија“, поврзани со Одделот за специјални операции на турската полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА денес ги сними специјалните тимови кои ги тренираат локалните полициски сили и им обезбедуваат оперативна помош.

Оперативните сили се составени од 12 различни тима од Одделот за специјални операции од турските области Анкара, Хатај и Газиантеп.
Овие сили, исто така учествуваат и во операции од висок ризик.

Полициската формација, која е формирана во согласност со турската полиција, е составена од седум единици специјализирани за борба против тероризмот, за разузнавање, за одржување на јавниот ред, сообраќајот, за истрага на местата на злосторството и за командоси.
Во овие рамки, турската полиција обезбедува обука и упатства за новите полициски единици во Африн.
Полициските сили би станале оперативни по стекнувањето на искуство на сите полиња.

Турската полиција, исто така, ќе обезбеди обука за полициските единици кои ќе работат во затворите, кои наскоро ќе бидат отворени во областа.
Специјалните сили ќе бидат распоредени и на влезовите и излезите на автопатиштата и на критичните точки во регионот.
Овие специјални сили, со дозвола на локалните власти, лично ќе бидат вклучени во ризични операции.

Во последните три месеци, од страна на специјалните тимови спречени се неколку самоубиствени напади, кои, исто така уништија над 100 импровизирани експлозивни направи оставени од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Специјалните сили ги продолжуваат операциите против терористичките елементи во регионот.
Кога ќе биде потребно, „Оперативните сили Сирија“ ќе изведуваат заеднички операции со Турските вооружени сили и Турската разузнавачка служба.