Yıldız Nevin Gündoğmuş
05 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА
Anadolu Agency (AA), меѓународна новинска агенција со седиште во Турција, која објавува вести на 13 јазици и има над 6.000 корисници во 93 земји од светот, на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, шест инфографици, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо. AA, која наредната година ќе ја прослави 100-годишнината од основањето, продолжува да биде веродостоен извор на вести во и надвор од Република Турција.
Историјатот на AA е речиси идентичен на историјата на Република Турција. Агенцијата е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред основањето на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM). AA ги објави првите закони, беше сведок на Ослободителната војна и националната борба и сведочеше за револуциите во Турција.

По потпишувањето на основачкиот акт од страна на Ататурк, AA започна со работа во воената касарна „Зираат Мектеб“ во Анкара, а првиот билтен на вести објавен е на 12 април 1920 година. Првиот билтен на вести е дистрибуиран во сите слободни делови на земјата, а во него имаше вести не само од земјата, туку и од светот.
На патот на израснувањето во редот на најпрестижните светски агенции, AA на својот 92. роденден ги објави своите цели по повод 100-годишнината од работењето. Во рамките на изработката на Визијата за 100-годишнината, креирани се стратешки планови, за кои совети се собирани и на универзитетите. Со имплементација на јасната визија за работа и развој, почитувајќи ги принципите на веродостојно, непристрасно, морално и брзо извествување, AA ја објави својата организациска шема, ги дефинираше целите и задачите, логотипот, институционалниот индентитет и секторот на интернет-страницата.
AA денес на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, шест инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо.
AA, со отворањето на регионалните канцеларии во Латинска Америка и пацифичките земји, го зголеми бројот на канцелариите на 41, а со објавувањето вести на шпански и индонезиски јазик емитува вести на вкупно 13 јазици, вклучувајќи го и Сервисот на македонски јазик. AA сигурно чекори кон јубилејот 100 години постоење, со што ретко кои институции од таков вид можат да се пофалат.