свет, Џамал Кашоги

„Јасно е дека наредбата за убиството на Кашоги ја дал престолонаследникот“

Официјален претставник на американскиот Стејт департмент, кој го прочитал извештајот на ЦИА за убиството на Кашоги, истакнува дека постои многу силен консензус дека во убиството е вмешан саудискиот принц

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 20.11.2018 - Обновена : 21.11.2018
„Јасно е дека наредбата за убиството на Кашоги ја дал престолонаследникот“

Ankara

АНКАРА (АА) - Официјален претставник на американскиот Стејт департмент, кој го прочитал извештајот на Американската Централна информативна агенција (ЦИА) за убиството на Кашоги, под услов да остане анонимен, даде изјави за американскиот телевизиски канал „Еј-би-си њуз“ (ABC News), пренесува Anadolu Agency (AA).

Официјалниот претставник на Стејт департментот истакнува дека постои многу силен консензус дека во убиството на Кашоги е вмешан саудискиот принц, додавајќи дека за тоа никој не дебатира. Тој процени дека е „јасно како ден“ дека наредбата за убиството на Кашоги ја издал престолонаследникот Мухамед бин Селман.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post) тврди дека е дојдено до резултати, според кои, наредбата за убиството на новинарот Џамал Кашоги ја дал саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Селман.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сѐ уште не добил брифинг од ЦИА, но додаде дека на оваа тема ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео, и со одговорните лица од разузнавањето.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.