Mustafa Deveci
25 Ноември 2019•Ажурирај: 29 Ноември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Кенет Рот, директорот на „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch HRW), упатувајќи остра реакција до израелската Влада поради одлуката за депортација на Омер Шакир, одговорен на ХРВ за Израел и Палестина, рече дека „Израел се приклучи на клубот на грди влади“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот Рот, денеска, заедно со Шакир одржа заедничка прес-конференција во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пред депортацијата на Шакир, критикувајќи ја одлуката на администрацијата од Тел Авив.
Рот изјави дека Шакир не ја дал својата поддршка на бојкотот со име „Иницијатива за бојкот на Израел поради Палестина“, организиран од страна на Движењето за изолација и санкции, како што тоа го тврди Израел.
Депортацијата на Шакир, како што рече Рот, негативно ќе влијае врз работата на ХРВ.
„Навикнати сме да ги продолжуваме нашите активности во земјите во кои нашите истражувања се попречувани. Во земјите како што се Египет, Иран и Венецуела, во кои се донесени закони за нашите истражувања, научивме прекршувањата на човечките права да ги следиме од далеку. Денес Израел се приклучи на клубот на грди влади“, изјави Рот.
- „Израел е неуспешен во замолчувањето на ХРВ“
На прес-конференцијата се обрати и Шакир, кој истакна дека и доколку биде депортиран, својата работа како одговорен на ХРВ за Палестина и Израел ќе ја продолжи од Јордан.
Изјавувајќи дека одлучно ќе продолжи со својата работа од местото каде што запрел, Шакир рече „И покрај тоа што донесе одлука за моја депортација, израелската Влада не успеа да го замолчи ХРВ.“
Покрај тоа, Шакир посочи дека заштитниците на израелските и палестинските човекови права речиси секој ден се жртви на клевети.
„Заштитниците на човековите права од Израел се обвинуваат за неверство и предавство. Против нив се отвораат кривични постапки. И се воведува забрана за патување“, додаде Шакир.
По прес-конференцијата, Шакир, со цел да го напушти Израел, се упати кон Аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив.
Израелското Министерство за внатрешни работи, во мај 2018 година, под обвинение дека дал поддршка на бојкотот со име „Иницијатива за бојкот на Израел поради Палестина“, организиран од страна на Движењето за изолација, на Шакир му ја откажа дозволата за работа, давајќи му период од две недели да ја напушти земјата.
Шакир, кој е одговорен на „Хјуман рајтс воч“ за Палестина и Израел, поднесе жалба до Врховниот суд на Израел со цел укинување на одлуката.
Израелскиот Врховен суд на 5 ноември годинава ја одби жалбата на Шакир и му даде период од 20 дена да го напушти Израел.