Said Amori,Muhammed Emin Canik
02 Март 2024•Ажурирај: 05 Март 2024
АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот весник „Харец“ објави дека изјавите на Израел за смртта на Палестинците кои чекаат хуманитарна помош во Појасот Газа „не се убедливи“, пренесува Анадолу.
Во текстот на „Харец“ се наведува дека Палестинците во Појасот Газа „се сигурни дека израелската војска свесно ги убила Палестинците кои дошле по помош до камионите.“
Извори и очевидци од областа на здравството ги демантираа тврдењата на израелската војска дека „оган е отворен само врз неколку Палестинци, а повеќето од нив загинале во стампедо“.
„Администрацијата на Тел Авив може да се соочи со поголем меѓународен притисок за прекин на огнот во Газа по масакрот“, се наведува во текстот и понатаму се нагласува дека израелските изјави за инцидентот доцнеле 10 часа, поради што е тешко да се поверува во таквите изјави.
Израелската војска отвори оган врз Палестинците кои чекаа пристигнување на хуманитарна помош на улицата Рашид, која го поврзува северниот со јужниот дел на Појасот Газа. Во нападот, според последните информации, загинати се 115 Палестинци.