Rania R.a. Abushamala
31 Јули 2024•Ажурирај: 31 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Исмаил Ханије, убиениот шеф на Политичкото биро на Хамас, ќе биде погребан во Катар, открија денес извори поврзани со палестинското движење на отпорот Хамас, јавува Анадолу.
Во тек се разговори меѓу претставници на Хамас и Иран во врска со погребната церемонија на Ханије, кој се планира да се одржи во Техеран, но тој ќе биде погребан во Доха, главниот град на Катар, тврдат извори за Анадолу под услов да останат анонимни.
Иран, Хамас и Катар допрва треба да издадат официјални изјави во врска со последното почивалиште на Ханије.
Палестинската група на отпорот Хамас рано утринава објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата каде што престојувал во Техеран, главниот град на Иран.
Хамас соопшти дека ќе се одмазди за убиството на лидерот кој, според нив, бил убиен во Техеран во „предавнички ционистички напад“.
Претходно, на прашањето на дописникот на Анадолу, израелската војска одби да го коментира убиството на Ханије, изјавувајќи: „Не ги коментираме овие информации.“