Ahmed Asmar
31 Јули 2024•Ажурирај: 01 Август 2024
ГАЗА (АА) - Вооруженото крило на Хамас денес соопшти дека убиството на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, Иран, е „значаен и опасен настан“ што ќе има импликации за регионот, јавува Анадолу.
Бригадите Ал-Касам соопштија дека „криминалното убиство“ на Ханије „ќе ја однесе битката во нови димензии со големи последици за целиот регион“.
Во соопштението се нагласува дека Израел „направил грешка што го проширил кругот на агресија убивајќи ги водачите на отпорот во различни области, како и со нарушувањето на суверенитетот на земјите од регионот“.
Исто така, беше нагласено дека континуираните израелски злосторства „мора да бидат поттик сите да го поддржат отпорот во Палестина“.
Палестинската група на отпорот Хамас рано утринава објави дека Ханије е убиен во израелски воздушен напад врз резиденцијата каде што престојувал во иранскиот главен град Техеран.