свет

Хамас објави дека одобрил ослободување на сите израелски заробеници според планот на Трамп за Газа

Палестински извор за Анадолу изјави дека Хамас го доставил својот одговор на планот на Трамп до медијаторите и побарал појаснувања за некои клаузули

Rania R.a. Abushamala  | 03.10.2025 - Обновена : 04.10.2025
 Хамас објави дека одобрил ослободување на сите израелски заробеници според планот на Трамп за Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Хамас вечерва објави дека одобрил ослободување на сите израелски заробеници, предавање на телата на починатите и предавање на управувањето со Газа на независно палестинско тело како одговор на планот за прекин на огнот во Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Анадолу.

Преку соопштение на Телеграм, палестинската група рече дека „другите прашања од предлогот на претседателот Трамп во врска со иднината на Појасот Газа и легитимните права на палестинскиот народ се поврзани со обединета национална позиција заснована врз релевантните меѓународни закони и резолуции“.

Палестински извор за Анадолу изјави дека Хамас го доставил својот одговор на планот на Трамп до медијаторите и побарал појаснувања за некои клаузули.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın