свет

Ердоган и Стармер разговараа за билатералните односи, регионалните и глобалните прашања

Честитајќи му на Стармер за одлуката на неговата земја да ја признае Палестина како држава, Ердоган изјави дека историски развој е признавањето на Палестина од страна на членовите на Советот за безбедност на ОН,како што се Велика Британија и Франција

Kaan Bozdoğan  | 26.09.2025 - Обновена : 26.09.2025
Ердоган и Стармер разговараа за билатералните односи, регионалните и глобалните прашања

ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со британскиот премиер Кир Стармер, известува Анадолу.

Во соопштението објавено на профилот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство на социјалната платформа NSocial се наведува дека за време на разговорот биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Велика Британија, а станало збор и за регионалните и глобалните прашања.

Претседателот Ердоган рекол дека годинашниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) бил корисен за напредокот кон решение со две држави во Палестина.

Честитајќи му на британскиот премиер Стармер за одлуката на неговата земја да ја признае Палестина како држава, Ердоган изјави дека историски развој е признавањето на Палестина од страна на членовите на Советот за безбедност на ОН, како што се Велика Британија и Франција.

Претседателот Ердоган истакнал дека е потребно Владата на Бенјамин Нетанјаху да биде запрена со мерки надвор од дипломатскиот притисок, а наедно да се задржи моментумот на поддршка за Палестина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.