Mücahit Oktay
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ЊУЈОРК (АА) - Финансискиот директор на „Твитер“, Нед Сегал, истакна дека забраната кон профилот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, ќе продолжи, дури и повторно да биде избран за претседател, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сегал во изјава за американската телевизија „Си-ен-би-си“ (CNBC) одговори на прашањето во врска со суспендираниот твитер-профил на Трамп.
Тој нагласи дека не е можно повторно да се отвори еден профил кој е затворен, и дека таа забрана е постојана.
„Дури и да сте поранешен или сегашен јавен службеник, доколку сте исклучен од платформата поради несоодветно дејствување, според нашите правила нема да биде дозволено да се вратите назад“, рече тој.
Според него, политиките на компанијата се подготвени со цел да се осигурат дека луѓето не се охрабруваат за насилство, и дека не се дозволува прекршувачите да се враќаат назад.
Сегал истакна дека дури и повторно да биде избран за претседател на САД, Трамп не ќе може да го користи својот личен твитер-профил.