Hamdi Yıldız
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ЗАПАДЕН БРЕГ (АА) - Израелската војска приведе еден од лидерите на движењето Хамас во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од очевидците, израелските сили извршиле рација врз куќата на Абдулбасит ел Хаџ, еден од истакнатите лидери на Хамас, во селото Џелкамус во близина на Џенин, во северниот дел на Западниот Брег.
48-годишниот Хаџ е приведен од страна на израелските војници по извршената контрола во неговата куќа.
Абдулбасит ел Хаџ 16 години од својот живот помина во израелските затвори, а беше ослободен пред една и пол година.
Исто така, пред извесно време беше приведен и 55-годишниот Халид ел Хаџ, исто така еден од лидерите на Хамас.
Израел и Хамас сѐ уште не дадоа изјава во врска случајот.