Rabia İclal Turan
10 Април 2024•Ажурирај: 14 Април 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека срцето ми е скршено знаејќи дека голем број муслимани во Газа, Судан и други места низ светот нема да можат да го прослават Рамазан бајрам поради судири и глад, известува Анадолу.
„Секоја година ги изразувам своите најдобри желби за Рамазан бајрам на муслиманската заедница ширум светот“, наведе Гутереш во својата бајрамска порака на социјалната мрежа Х.
Во пораката Гутереш додава:
„Срцето ми скршено знаејќи дека во Газа, Судан и други места низ светот, поради судири и глад, голем број муслимани нема да можат да прослават.“
Судан е опустошен од судирите меѓу војската и паравоените Сили за брза поддршка од април минатата година. Повеќе од 13.000 луѓе се убиени, а над 8 милиони се раселени, објави ОН, додека половината од населението. На 25 милиони луѓе во земајта им е потребна хуманитарна помош.
Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.
Во овие напади досега се убиени 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните активности и да преземе мерки за да се осигура давањето хуманитарна помош на цивилите во Газа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.