Servet Günerigök
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ВАШИНГТОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика членовите на Советот за безбедност да се обединат во борбата против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Советот за безбедност ја одржа првата вонредна седница за пандемијата на Ковид-19, при што Гутереш истакна дека Советот има клучна улога во ублажување на последиците што пандемијата ќе ги има по мирот и безбедноста во светот.
„Всушност, сигналот на единство и одлучност на Советот за безбедност е неминовен во овој тежок период. Мораме да работиме заедно за да ја надминеме пандемијата“, изјави Гутереш за време на обраќањето на седницата од Советот на ОН преку телеконференција.
Американската амбасадорка на ОН, Кели Крафт, повика на целосна транспарентност и изјави дека меѓународната заедница треба да биде информирана навреме.
„Најефективен начин да се совлада пандемијата е преку навремено собирање точни и научно засновани податоци и анализа на потеклото, карактеристиките и ширењето на вирусот“, изјави Крафт и додаде дека е неописливо колку биле важни овие методи.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот во Европа.
Во светот се регистрирани над 1,6 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 95.000. Речиси 354.000 пациенти се излекувани.