Şerife Çetin
27 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази надеж дека средбата помеѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател Доналд Трамп, во рамките на Самитот на Г-20, ќе вроди со напредок во врска со рускиот систем S-400, Anadolu Agency (AA).
„Се надевам дека на овој состанок ќе има напредок за набавката на Ѕ-400, кој е тежок проблем за сите нас“, рече Столтенберг.
По дводневниот министерски состанок на НАТО во Брисел, Столтенберг во изјава за медиумите истакна дека сојузниците денес разговарале за настаните во Авганистан.
Истакнувајќи дека со поддржувањето на авганистанските безбедносни сили, Мисијата на НАТО во Авганистан обезбеди мир во земјата, Столтенберг рече: „Одлучноста на НАТО за Авганистан продолжува.“
Столтенберг нагласи дека НАТО ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка за авганистанските безбедносни сили до 2024 година.
„Ќе останеме во земјата се додека е неопходно да се спречи Авганистан повторно да стане безбеден рај за меѓународните терористи.“
- Одобрена вселенска политика -
Столтенберг, соопштувајќи дека НАТО денеска направил важен чекор во процесот на адаптација на НАТО, нагласи: „Одобривме сеопфатна вселенска политика. Вселената е од клучно значење за нашиот сојуз, во однос на одбраната.“
- Набавка на Ѕ-400 -
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, на новинарско прашање дали на дневен ред дошла набавката на Ѕ-400 од страна на Турција, рече дека на состанокот на министрите не се разговарало на таа тема, но дека на билатералните разговори темата била на дневен ред.
Столтенберг, истакнувајќи дека е задоволен од продолжувањето на дијалогот меѓу Турција и САД, потсети дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состанат во рамките на самитот на Г-20.
„Се надевам дека на овој состанок ќе има напредок за набавката на Ѕ-400, кој е тежок проблем за сите нас“, нагласи генералниот секретар на НАТО.