Bayram Altuğ,Selen Temizer
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
АНКАРА (АА) - Меѓународната истражна комисија на Советот за човекови права при Обединетите нации (ОН) истакна дека нападите на режимот на Башар ал Асад врз цивилните населени места во Идлиб отвора пат за човечки загуби, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Комисијата се вели дека Турција и Русија со Договорот од Сочи одиграле значајна улога во намалувањето на тензиите во Идлиб.
Во извештајот се потенцира дека режимот продолжува да ги напаѓа цивилните населени места во Идлиб и во подрачјето на западно Алепо, додавајќи дека не се преземени никакви превентивни мерки за да не им се нанесе штета на цивилите.
Во извештајот се наведува дека силите на режимот, во подрачјата што ги зема под своја контрола продолжува да врши присилен притвор, што е причина за исчезнување на лица и им создава проблеми на оние кои се враќаат назад. Таквите активности на режимот се причина „за смрт на илјадници Сиријци“.
Со извештајот се потсетува дека откако силите на режимот под своја контрола го зеле јужниот дел на земјата, во август 2018 година се насочиле кон северниот дел на земјата, истакнувајќи дека во август и септември 2018 година, цел на нападите биле болниците и цивилните населби.
Во извештајот на ОН се вели „И покрај формирањето зони за деескалација [силите на режимот во Идлиб] во воздушни напади убија многу голем број цивили, меѓу кои има жени и деца.“
- ЈПГ/ПКК
Извештајот се осврнува и на нападите во Деир ез-Зор од страна на коалициските сили предводени од САД и терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името СДС (таканаречени „Сириски демократски сили“), со цел отстранување на ДЕАШ.
Во извештајот, истакнувајќи дека „СДС во декември 2018 година од ДЕАШ го презедоа Хеџин, но војната предизвика прекумерни цивилни жртви“, се вели „На просторот кој е под контрола на СДС [ЈПГ/ПКК], илјадници жени, мажи и деца, незаконски се приведуваат. Некои во камповите во кои нема основни услови за живот се обидуваат да преживеат.“
Покрај тоа, во извештајот се нагласува дека 41.000 цивили на границата со Јордан, без пристап до здравствена заштита, образование и основни средства за живот, продолжуваат да живеат под исклучително очајни услови за живот.