Ekip
28 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
КАРАЧИ (АА) - Пакистанскиот премиер Имран Кан денеска изјави дека од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе бара помош во посредување, со цел намалување на напнатоста меѓу неговата земја и Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зголемувањето на тензиите не е ниту во наша, ниту во корист на Индија. Земјите можат да бидат уништени поради погрешни проценки. Војната никако не е решение. Меѓутоа, доколку Индија направи чекор во тој правец, ќе одговориме со иста мерка“, изјави Кан.
Пакистан, како што најави, утре ќе го ослободи заробениот пилот на индиските воздухопловни сили, со што ќе покаже „мировен гест“.
Кан ова го најави на заедничката седница на Парламентот, која е свикана за да се разгледа ескалацијата на напнатоста со нуклеарниот ривал Индија.
„Ќе го ослободиме индискиот пилот утре“, изјави Кан, мислејќи на командантот на ескадрилата на воздухопловните сили, Абхинандан, кој беше заробен од страна на палестинските безбедносни сили, откако авионот МИГ 29 беше соборен од пакистански воен авион во близина на границата со Кашмир.
Тензиите меѓу Индија и Пакистан во Кашмир ескалираа на 14 февруари кога во бомбашки напад на парамилитарен конвој беа убиени 44 и ранети 20 индиски војници. Индија за нападот го обвини Пакистан, а официјален Исламабад ги отфрли обвиненинјата и го осуди нападот. Индиските сили на 26 февруари извршија воздушни напади на кампот, кој се наоѓа на пакистанската страна на линијата на разграничување.
Тензиите ескалираа вчера кога пакистанската војска сруши два авиона на индиската војска кои го загрозија воздушниот простор на Пакистан. Од друга страна, три пакистански авиони влегле во воздушниот простор на Индија и предизвикале реакција кај индиските сили. Индиските медиуми тврдат дека Индија урнала еден пакистански борбен авион Ф-16.
Поради судирите во Кашмир, властите на Пакистан и Индија затворија поголем број аеродроми и воздушниот простор за цивилни летови. Пакистан соопшти дека дополнително го блокирал воздушниот простор за сите комерцијални летови.