свет

„Санкциите против Русија треба да продолжат сѐ до постигнување мир“

„Некои од Западот зборуваат за укинување на санкциите бидејќи губеле пари, додека Украина ги губи своите луѓе. Санкциите против Русија треба да продолжат сѐ до постигнување мир“, рече Зеленски

Dmitri Chirciu  | 13.09.2019 - Обновена : 15.09.2019
„Санкциите против Русија треба да продолжат сѐ до постигнување мир“

КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека санкциите против Русија треба да продолжат сѐ до постигнување мир во источниот дел на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).

Зеленски во своето обраќање на Европската стратешка конференција во Јалта говореше за прашањето за источниот дел на Украина.

Тој нагласи дека треба да се стави крај на војната во источниот дел на Украина, и додаде: „Единствениот начин за тоа е дипломатијата, и санкциите кои се најмоќното оружје на дипломатија.“

„Некои од Западот зборуваат за укинување на санкциите бидејќи губеле пари, додека Украина ги губи своите луѓе. Санкциите против Русија треба да продолжат сѐ до постигнување мир“, додаде тој.

Зеленски истакна дека мировните сили треба да бидат присутни на границата меѓу Украина и Русија.

„Со претпазливост пристапувам на ова прашање. Не сакам во Донбас да се случи сценариото на Абхазија и Трансдињестер“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека до крајот на септември очекуваат да се одржи Самитот на лидерите на Нормандискиот квартет (Германија, Франција, Русија и Украина), и дека подготвиле листи за размена на нови заложници и затвореници меѓу Украина и Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.