Şerife Çetin
13 Септември 2019•Ажурирај: 14 Септември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во белгискиот главен град Брисел се одржа Состанокот за политички дијалог меѓу Турција и Европската Унија (ЕУ) на ниво на политички директори, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на Турција ја водеше Фарук Кајмакџи, заменик-министер за надворешни работи на Турција, додека делегацијата на ЕУ ја водеа Жан Кристоф-Белард, заменик-генерален секретар на службата на ЕУ за надворешни работи и Кристијан Даниелсон, генерален директор за соседски политики и проширување на Европската комисија.
Двете делегации во Брисел разговараа за актуелните теми во рамки на односите меѓу Турција и ЕУ.
На состанокот беа разменети мислења на различни теми како процесот за членство на Турција во ЕУ, Царинскиот сојуз, финансиската соработка, програмите на Унијата, Дијалогот за визна либерализација, борбата против илегалната миграција и тероризам, како и за главните актуелни теми меѓу Турција и ЕУ.
Страните за време на состанокот укажаа на важноста на единството на Турција и ЕУ во овој критичен период кога се случуваат значајни промени во меѓународниот систем.
Исто така, страните нагласија дека зголемувањето на соработката и дијалогот меѓу Турција и ЕУ е важно не само за страните, туку и од аспект на обезбедувањето благосостојба и мир во еден поголем регион.