Zehra Ulucak
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Лидерот на Исламската партија на Авганистан (Hizbi-i-Islami), Гилбудин Хекматјар, ги повика САД и членките на сојузот на НАТО да завршат со воените интервенции во Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Исламската партија на Хекматјар е позната по своевремената борба против комунизмот во Авганистан, а тој синоќа во обраќање пред новинарите на странските медиумски куќи во Кабул изјави дека војната во Авганистан повторно влегла во безизлезна состојба и ја спореди актуелната состојба со кризата која во таа земја постоеше во времето на распадот на Советскиот Сојуз.
Премиерот на авганистанската влада по распадот на Советскиот Сојуз, Хекматјар ја повика јавноста и странските сојузници на актуелната авганистанска влада да не веруваат во „ протехеранските и промосковските” елементи.
„Авганистан може самостојно да ги реши сите свои проблеми ако САД и членките на НАТО помогнат во завршувањето на странските воени и политички интервенции во земјата. Вистина е дека авганистанската војна не може да добие ни со актуелната стратегија, ниту со додатен ангажман на странски војници. За победа во војната е потребно да се направат измени и во структурата и во стратегијата на авганистанската војска”, порача Хекматјар.
Опишувајќи ја актуелната влада на Авганистан дека е многу слаба и неефикасна, Хекматјар порача дека на земјата ѝ е потребна посилна централна власт како и тоа вооружените сили да се дистанцираат од центарот на политичка моќ.
На прашањето дали неговата партија е подготвена да соработува со САД и со НАТО сојузот, Хекматјар рече дека е подготвен за соработка со секој кој ги почитува суверенитетот и независноста на Авганистан, и кој не планира да интервенира во таа земја.
Истакнувајќи дека е неприфатливо секојдневното насилно менување на власта во светот, Хекматјар рече дека е убеден оти на престојните избори неговата партија ќе го заземе своето место во Парламентот, но не се осврна на претстојните претседателски избори и сопствените апетити кога станува збор за таа инстанца на власт.
Како водач на исламистичкото движење, Хекматјар минатата година потпиша примирје со владата на Авганистан и се врати во Кабул, и притоа порача дека е завршена ерата на насилно преземање на власта во Авганистан и дека проблемите мора да се решаваат со дијалог.
Тој предупредува дека зголемувањето на военото присуство на НАТО во Авганистан е само пречка, а не е ефикасен модел за решавање на кризата во земјата. Тој посочи дека сите треба да извлечат поука од тоа што САД ни со 160.000 војници не можеше да ја заврши, и да ја добие војна во Авганистан.