Diyar Güldoğan
20 Септември 2017•Ажурирај: 20 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Русија го поддржува територијалниот интегритет на државите од Блискиот Исток, истакна денес портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, јавува Anadolu Agency (AA).
„Несомнено, ставот на Русија за зачувување на територијалниот интегритет на државите во регионот останува непроменет“, изјави Песков пред новинарите.
„Москва смета дека напорите за стабилизирање на ситуацијата во регионот може да продолжат врз основа на зачувувањето на територијалниот и политичкиот интегритет на државите“, додаде тој.
Песков одби да коментира за планираниот спорен референдум за независност во северен Ирак, велејќи: „Претпочитам да го оставам ова прашање неодговорено".
Планиран за 25 септември, на овој референдум жителите од подрачјето на Курдската регионална управа во северен Ирак ќе гласаат дали се за целосна независност од Багдад.
Турција, САД, Иран и ОН му се приклучија на Багдад во ставот против изборите, велејќи дека гласањето ќе го одвлече вниманието од операциите против ДЕАШ и ќе доведе до поголема нестабилност во регионот.
Ирачката централна влада се закани дека ќе интервенира воено ако гласањето резултира со насилство. Претседателот на Курдската регионална управа, Месуд Барзани, рече дека гласањето со „за“ на референдумот нема да започне прогласувањето на независноста, туку ќе води кон преговори со Багдад.