свет

„Против палестинскиот народ се води војна за истребување“, изјави Мадуро, претседателот на Венецуела

- „Против палестинскиот народ се води војна за истребување. Секој што молчи пред ова уништување, кое ги погодува сите членови на семејствата, ќе биде вечен соучесник во еден од најтешките злосторства во историјата“, изјави претседателот Мадуро

Sinan Doğan  | 06.05.2025 - Обновена : 08.05.2025
„Против палестинскиот народ се води војна за истребување“, изјави Мадуро, претседателот на Венецуела

БОГОТА (АА) – Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, зборувајќи за нападите на Израел врз Газа, изјави дека против палестинскиот народ се води војна за истребување, известува Анадолу.

Гостувајќи на една приватна телевизија Мадуро упати остри критики кон меѓународната заедница поради тековните напади врз Палестина.

„Против палестинскиот народ се води војна за истребување. Секој што молчи пред ова уништување, кое ги погодува сите членови на семејствата, ќе биде вечен соучесник во еден од најтешките злосторства во историјата“, изјави Мадуро.

Потсетувајќи на судскиот процес за смртта на аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона, Мадуро изјави: „Ова не го велам првпат. Го убија Марадона. Го отстранија со сопствени методи и истрагата што се води тоа јасно го покажува. Го убија за да го замолчат гласот на потиснатите и на угнетените.“

Во меѓувреме Мадуро изјави дека Националниот електричен систем (НЕС) на земјата бил цел на напад од крајно десничарски групи на 1 мај.

Тој истакна дека криминалната организација „Командитос“ планирала да изврши саботажа врз електричната инфраструктура, со намера да ја остави половина од земјата без електрична енергија.

Мадуро, кој без да споменува имиња, ги критикуваше опозициските сили, истакна:

„Што им остана на овие луѓе? Само штета. Бидејќи се поразени, сè повеќе тонат. Секоја насилна група што се осмелува да ги наруши правото на мир и безбедност на народот ќе се соочи со железна тупаница во рамките на законот. Никогаш нема да дозволиме повторно појавување на насилни нацифашистички групи во земјата.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.