Serdar Dincel
10 Март 2026•Ажурирај: 10 Март 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО), која ја надгледува безбедноста на пловидбата, соопшти дека добила извештај за инцидент на 36 наутички милји северно од Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати, пренесува Анадолу.
Капетанот на бродот известил за „удар во водата придружен со силен тресок“, објави УКМТО денес на американската компанија за социјални медиуми Х.
Инцидентот се случи во екот на ескалацијата на регионалните тензии откако Израел и САД извршија заеднички напад врз Иран на 28 февруари, при што се убиени повеќе од 1.200 луѓе, а над 10.000 се повредени.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Заливот каде што се наоѓаат американски воени бази.