АНКАРА (АА) - НАЗЛИ ЈУЗБАШИОГЛУ
Нема резултат од напорите за прекин на судирите, кои се причина за миграциите и изгубените животи на голем број на цивили, што во последната година беа преземани со цел да стивнат човечките драми, како и да запрат војните во светот кои траат со години, јавува Anadolu Agency (AA)
Сојузните држави и Германија, на 11 ноември 1918 година потпишаа „Договор за примирје“ со кој официјално се заврши Првата светска војна. Овој ден во повеќето држави потписнички се слави како државен празник и е познат како „Светски дена на примирјето“. Меѓутоа, денес продолжуваат судирите во државите како Сирија, Јемен, Нагорно Карабах, Украина, Кашмир, Северна Кореја, Јужна Кореја и на овие простори не може да се воспостави мир и стабилност.
Обединетите Нации често упатуваат апел за запирање на судирите и превземаат акции за хуманитарна помош за цивилите, меѓутоа, не водат евиденција за придружувањето на страните кон примирје и најчесто изјавуаат дека, двете страни ја прекршуваат одлуката за примирје.
Сирија
Во Сирија од Март 2011 досега во внатрешните судири приближно 600 илјади Сиријци го загубија својот живот, околу 6 милиони се преселија во соседните држави, а 7,5 милиони Сиријци се раселија внатре во државата.
Во рамките на напорите за примирје, кои се превземаат годинава, претставниците на Меѓународната група за поддршка на сирија, САД и Русија, на 22. февруари овјавија постигнување на договор за прекин на огнот. Беше објавено дека прекинот на огнот ќе започне на 26. февруари, а ќе трае 4 недели.
По правосилноста на договорот, иститот беше прекршен уште во првите денови, меѓутоа во следните недели со почетокот на судирите во Алепо, Идлиб и Дамаск, договорот тотално се заборави. Мрежата на Човекови права во Сирија (СНХР) на 10. март изјавија дека, за 12 дена од правосилноста на договорот истиот бил прекршен 435 пати.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, по засилувањето на судирите, на 2 мај упати апел до страните да го почитуваат договорот.
САД и Русија повторно постигнаа договор за прекин на судирите на 12. септември. Според овој договор, една недела по 12. Септември ќе запре огнот, а во истиот период ќе има акции за доставување хуманитарна помош во регионите на загрозените.
Овој договор беше прекршен од страна на САД на 17. септември, кога изврши напад врз сиријски војници.
Со големи напори беше испратена хуманитарна помош во Алепо со конвои на 19. септември, меѓутоа при воздушен напад врз истиот, животот го загубија 18 лица. Русија и режимот на Асад, кои во тоа време вршеа воздушни воени напади во реонот, негираа дека се виновни за истите.
ОН покренаа истрага за наоѓање на виновникот за овој напад, но сеуште нема резултати од истата.
Јемен
Јемен е уште една држава на Блискиот Исток, која се соочува со политичка неизвесност поради воени судири. Според Светската здравствена организација од март 2015 досега во државата животот го загубија 7 илјади 70 лица, а 36 илјади 818 се повредени.
Продолжуваат судирите помеѓу подржувачите на соборениот претседател Али Абдулах Сали и Хусите од една страна и Јеменските армиски сили и коалиционите сили и групи предводени од Саудиска Арабија кои ја штитат власта.
По долгите преговори со страните на специјалниот претставник на ОН за Јемен, Исмаил Вилд еш-Пејх Ахмед, на 10 Април даде изјава во која вели дека, е постигнат договор за прекин на судирите во државата. Договорните страни прифатија да го предадат огненото оружје на властите, да се повлечат од окупираните региони, како и да прекине судирот со цел да се почнат политички преговори. И покрај прекинот на огнот, прекршувањето на договорот продолжи.
Шејх Ахмет изјави дека, повторно ќе настапи прекин на огнот на 19 октомври со истите услови од прекршениот договор од 10 Април.
Подоцна тој изјави дека, генерално страните се придружуваат кон прекинот на огнот со исклучок на Таиз и некои места на границата со Саудиска Арабија.
Нагорно Карабах
Во Јужен Кавказ пак, по потпишувањето на „Протоколот Бишкек“ од 1994 година, откако Азербејџан беше окупиран од Ерменија, и покрај тоа што беа постигнати договори за прекин на огнот, Карабах, каде што има голем број на жртви, меѓу кои цивили и војници, во последнава година превзема чекори кон примирје.
Како резултат на прекршоците на овие примирја од страна на Ерменија, во Април настапија судири на фронтната линија. Ерменскат армија нападна на фронтната линија на Азербејџан при што екои стратешки места беа спасени од овие напади.
Според изјавите на министерството за одбрана на Азербејџан, загинаа 31 војник на Азербејџан, а 240 на Ерменија.
По острите судири меѓу 2 - 5 Април и со влегувањето на Русија во преговорите, на 5 април страните се договорија да ги прекинат судирите. И покрај овој договор повремено во регионот се случуваат судири на фронтната линија со помали интензитети.
Во рамките на наоѓање на решение и посредување за Нагорно Карабах, на 20 Јуни во Санкт Петерсбург се состанаа рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев и Ерменскиот претседател, Серж Саркисјан.
Групата Минск при ОБСЕ, формирана во 1992 година за наоѓање на мирно решение во Карабах, поради конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, оствари средби од 23 - 25 Октомври во Баку и Ереван.
Ко-претседавачите на Минската група, Русија, Франција и САД по остварените средби, го обновија апелот до засегнатите страни, да се придржуваат кон прекинот на огнот.
Оваа група наидува на критики, затоа што веќе 24 години нема дојдено до конкретни резултати во насока на раешавање на проблемот во Карабах.
Украина
Договорот од Минск, потпишан во 2015 година за прекин на судирите меѓу сепаратистите поддржани од Русија и Украинската армија, кои избувнаа на истокот на државата во 2014, постојано е прекршуван.
Украинското министерство за надворешни работи на 18 Јануари изјави дека, и покрај договорот од состанокот на 22 Декември за прекин на огнот, се зголемуваат провокациите против украинските воени сили. Во овие провокативни напади, руските сепаратисти отворија оган и кон возилата на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ на 16 Јануари.
Специјалниот претставник на ОБСЕ, амбасадорот Мартин Саждик, изјави дека, на состанокот меѓу тројката во Минск било договорено на 1. мај да се спроведе прекин на огнот.
Тројката за преговори во Минск кон крајот на Август упатија апел до руските сепаратисти, целосно да се прекине огнот во Донбас, поради почнувањето на школската година. Во првите 12 часа беше спроведен прекинот на огнот, меѓутоа, ова примирје не траеше долго.
Во врска со кризата на истокот на Украина, во Киев средби за нејзино решавање и постигнување на договор остварија и министерот за надворешни работи на Германија Франк Штајнмаер и неговиот француски колега Жан Марк Ајраулт.