Furkan Güldemir
11 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
БЕЈРУТ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека загубите од петгодишната граѓанска војна во Сирија изнесуваат 259 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот подготвен од страна на Kомисијата на ОН за економија и социјала за Западна Азија, загубите од петгодишната граѓанска војна во Сирија изнесуваат 259 милијарди долари. Војната започна во 2011 година, со мирните протести на коишто се бараа реформи, а против овие протести режимот на Башар Асад презеде мерки со неочекувана свирепост, што се претвори во граѓанска војна.
Во истражувањето насловено „Економскиот и социјалниот развој во арапскиот регион“ се нагласува дека во оваа процена на износот се содржи и загубата на капиталот и загубата на бруто домашниот производ за 5-годишен период во Сирија.
Исто така, наведено е дека пресметката е направена земајќи го предвид процентот на раст пред војната, а наведената загуба е еднаква на 3 пати по БДП од 2010 година.
„Загубите од Арапската пролет изнесуваат 600 милијарди долари“
Покрај ова, во истражувањето е наведено дека процесот на хаос и дестабилизација што сѐ уште трае на Средниот Исток и во северна Африка, а започна во 2011 година, досега државите на регионот ги чинеше 600 милијарди долари. Овој износ кореспондира со 6 проценти од бруто домашниот производ на земјите од регионот.
Според истражувањето од 2011 година, поради револуциите и транзицискиот период, во арапските земји порасна невработеноста. Економскиот раст во 2014 и во 2015 година остана на 1 и пол процент.