„Престанете да купувате нафта од Русија“, апелираше Трамп до Европа
- „Тие не си ја вршат својата работа. НАТО мора да се обедини. Европа мора да се обедини“, истакна американскиот претседател Доналд Трамп, потенцирајќи дека европските земји сè уште купуваат нафта од Русија.

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските земји „Престанете да купувате нафта од Русија“, велејќи: „Не се доволно строгите санкциите што ги воведоа (кон Русија). Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го направив јас“, известува Анадолу.
Американскиот претседател Трамп одговараше на прашања на медиумите враќајќи се од Њујорк во Вашингтон.
Во врска со санкциите на НАТО кон Русија, Трамп истакна:
„Тие не си ја вршат својата работа. НАТО мора да се обедини. Европа мора да се обедини“, потенцирајќи дека европските земји сè уште купуваат нафта од Русија.
За европските земји американскиот претседател рече:
„Европските земји се мои пријатели, но тие купуваат нафта од Русија. Европа не може да очекува само ние да се спротивставиме на купувањето нафта од Русија. Не сакам да купуваат нафта. Санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Јас сум подготвен да воведам санкции, но тие ќе бидат принудени да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам јас.“
Истакнувајќи дека е подготвен да преземе мерки против Русија, Трамп посочи дека и европските земји треба да дејствуваат со слична политика.
Тврдејќи дека европските земји во моментов само зборуваат, но не преминуваат во акција, Трамп истакна:
„Ние не купуваме нафта од Русија. Тие купуваат многу нафта од Русија. Договорот не беше така.“
Трамп рече дека затоа што многу се мразат едни со други, Русија и Украина сè уште не седнале за „можен мировен договор“ и додаде дека не е задоволен од тоа.