Betül Yürük
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
ЊУЈОРК (АА) – Четириесет и две лица за кои се смета дека се имигранти, пронајдени се мртви во камион во Сан Антонио, во американската сојузна држава Тексас, а најмалку 16 лица се хоспитализирани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во американските медиуми, 42 лица за кои се смета дека се имигранти пронајдени се мртви во напуштен камион во градот Сан Антонио.
Уште 16 лица кои се наоѓале во камионот, пренесени се на лекување во регионалните болници.
Се проценува дека лицата во камионот се обиделе илегално да преминат во САД.
Исто така се нагласува дека полициската управа на Сан Антонио трага по возачот на камионот. Сѐ уште нема официјално соопштение за настанот.