Lina Altawell
02 Февруари 2026•Ажурирај: 03 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Граничниот премин Рафа на границата меѓу Египет и Газа денес официјално ја продолжи работата, при што се очекува 50 лица да ја напуштат Газа, а 50 да се вратат, јавија египетските официјални медиуми, пренесува Анадолу.
Денес Ал-Кахера њуз објави дека на преминот пристигнала првата група Палестинци.
Палестинската страна на преминот Рафа започна со пробна работа вчера, откако беше целосно затворена повеќе од 18 месеци поради израелските ограничувања.
Се очекува околу 50 Палестинци да влезат во Газа, додека 150 пациенти и нивните придружници треба да ја напуштат енклавата за лекување во Египет, според израелските медиуми. Здравствените претставници во Газа проценуваат дека околу 22.000 пациенти чекаат преминот целосно да се отвори.
Израел ја контролира палестинската страна на преминот Рафа од мај 2024 година, за време на воената кампања во Газа што започна во октомври 2023 година.