Ahmet Furkan Mercan
16 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека пожарот во познатата катедрала Нотр-Дам во Париз е голема трагедија за човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).
„Уништувањето на ова архитектонско ремек-дело кое му припаѓа на светското наследство е голема трагедија за целото човештво", наведе Чавушоглу преку социјалните мрежи.
„Со голема тага го голедаме оганот кој гори во катедралата Нотр-Дам во Париз", додаде Чавушоглу.
Во понеделникот во попладневите часови избувна голем пожар во катедралата Нотр-Дам во Париз.
Градоначалничката на Париз Ан Хидалго претходно изјави дека кулата од катедралата Нотр-Дам, висока 93 метри се урна во пожарот.
Локалните медиуми и очевидците наведуваат дека во пожарот се срушил и кровот на познатата катедрала во Париз.
Покрената е акција за да се спасат уметничките дела кои се наоѓаат во катедралата.
Сѐ уште не е позната причината на пожарот, а обвинителството на Париз во меѓувреме покрена истрага за причина на несреќата. Во соопштението на полицијата се наведува дека пожарот избувнал во делот од катедралата кој се реновира.
Катедралата Нотр-Дам (Богородичната црква) позната е во светот го полемината, единственоста и важноста за светската архитектура. Зградата, која датира уште од 12 век позната е по класичното книжевно дело на Виктор Хуго „Sвонарот од Богородичната црква", секоја година привлекува милиони туристи од целиот свет.
Моментално во тек беа градежните активности со кои се реновираше еден дел од катедралата, а поради нив минатата недела беа преместени бронзените статуи. За нејзината обнова издвоени се шест милиони евра.