Ferdi Türkten
01 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
Ердоган: „Никогаш нема да дозволиме узурпација на правата Турската Република Северен Кипар, која е од главните сопственици на јаглеводородните извори на просторот во Источниот Медитеран“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање, турскиот претседател во врска со убиството на новинарот Кашоги, изјави: „Овој настан никогаш не го гледавме како политичко прашање. За нас овој настан е подло убиство и така ќе остане“.
„Сѐ додека пред лицето на правдата не бидат изведени сите одговорни, од оние коишто го наредија ова свирепо убиство до оние коишто го спроведоа, не е можно да бидат задоволни, ниту исламскиот свет, ниту светската јавност“, рече турскиот претседател Ердоган.
Тој истакна дека е потребно да се пронајде итно решение за јеменската криза, која трае речиси четири години.