Ferdi Türkten
02 Декември 2018•Ажурирај: 02 Декември 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган вечерва во Аргентина изјави дека убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги не е само прашање на Турција, туку на целиот свет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Невозможно е исламскиот свет или светската јавност да бидат задоволни без откривање на сите оние кои се одговорни, кои го наредиле и извршиле бруталното убиство на Кашоги", рече Ердоган.
Кашоги, новинар и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ убиен е на 2 октомври во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Турското обвинителство откри дека Кашоги е задавен веднаш по влегувањето во Конзулатот, а дека неговото тело е исечено на парчиња и уништено.
Властите на Саудиска Арабија потоа признаа дека Кашоги е убиен, а не дека го напуштил Конзулатот, како што првично тврдеа. Истрагата за случајот и понатаму е во тек, со акцент на потрагата по посмртните останки на Кашоги.
Според неговите зборови, случајот Кашоги Турција никогаш не го гледала како политичко прашање.
Ердоган се осврна и на ситуацијата во Сирија: „Нема да дозволиме никакви структури на северот на Сирија кои претставуваат закана по безбедноста на Турција и регионот".
Истакна и дека е потребно да се пронајде итно решение за јеменската криза, која трае речиси четири години.