Servet Günerigök
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Јавниот обвинител Вилијам Бар истакна дека специјалниот советник, Роберт Милер, не пронашол никаков доказ дека кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп за изборите во 2016 година била во заговор со Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Бар до Конгресот ги достави неговите главни заклучоци за речиси двегодишната истрага на Милер за тоа дали кампањата на Трамп била во координирација со Кремљ и имало мешање во изборите.
„Специјалниот советник не откри дека кампањата на Трамп, или некој што е поврзан со него, ковал заговор или се координирал со руската Влада, и покрај повеќето понуди од лица поврзани со Русија да помагаат во кампањата на Трамп“, наведува Бар.
Во петокот Милер го заврши својот извештај за обидите на Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година и можниот заговор кампањата на Трамп го спровела во тој напор.
Во врска со прашањето за опструкција на правдата, Бар наведува: „Додека во извештајот не се заклучи дека претседателот извршил кривично дело, истото не го ослободува“.
Бар изјави дека тој и заменик-јавниот обвинител Род Росенштајн заклучиле од наодите на Милер дека доказите што се создадени за време на истрагата на специјалниот советник не се доволни за да се утврди дека претседателот извршил прекршок со опструкција на правдата.
Трамп во неколку наврати ги негираше обвинувањата за каков било заговор со Русија за да ги намали шансите на номинираниот демократски противкандидат, Хилари Клинтон, за победа во Белата куќа во 2016 година.
Милер го избегна вниманието на јавноста во текот на неговата истрага, која за време на нејзиниот тек резултираше со убедливи обвиненија кон врвни функционери поврзани со кампањата на Трамп, вклучувајќи го и поранешниот претседател Пол Манафорт.
Вкупно пет лица тесно поврзани со кампањата се изјасниле виновни по основ на обвиненијата од страна на Милер, вклучувајќи го и поранешниот претседател на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, неговиот заменик Рик Гејтс; поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин; советникот за кампања Џорџ Пападопулос, и долгогодишниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен.
Но, ниту еден официјален претставник поврзан со Трамп не беше обвинет за обвиненија поврзани со напорите на руското влијание.
Во своите први забелешки до новинарите во врска со резимето на јавниот обвинител, Трамп рече: „Срамно е што нашата земја мораше да помине низ ова. Да бидам искрен, срамно е што вашиот претседател мора да помине низ ова“.
„Значи, тоа е целосно ослободување. Не постои заговор, не постои опструкција“, рече Трамп.