свет

САД официјално ја признаa Голанската Висорамнина како „израелска територија“

Трамп во Белата Куќа го прими израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, со кој разговараше за нападите на Израел врз Газа, како и за Голанската Висорамнина

Hakan Çopur  | 25.03.2019 - Обновена : 26.03.2019
САД официјално ја признаa Голанската Висорамнина како „израелска територија“

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го потпиша претседателскиот декрет со кој САД официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп во Белата Куќа го прими израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, со кој разговараше за нападите на Израел врз Газа, како и за Голанската Висорамнина.

Трамп нагласи дека САД ќе го штитат правото на Израел за самоодбрана.

„Можниот мировен договор во иднина треба да ја има предвид потребата на Израел да се заштити од Сирија, Иран и од други регионални закани“, рече Трамп.

Трамп тврди дека нападите на Израел врз Газа се праведни во насока на „самоодбрана“, и рече дека целосно го поддржуваат Нетанјаху во оваа насока.

Од друга страна, Нетанјаху неколкупати упати благодарност до Трамп, и додаде: „Израел нема видено подобар пријател од вас.“

Нетанјаху нагласи дека Трамп ги исполнил ветувањата кои ги дал на Израел, и рече дека последниот чекор во врска со Голанската Висорамнина е „историски чекор“.

„По победувањето во двете војни, околу половина век бевме принудени да чекаме нашата воена победа да се претвори во дипломатска победа“, рече Нетанјаху во врска со пристапот кон Голанската Висорамнина.

По заедничката прес-конференција, Трамп го потпиша претседателскиот декрет со кој САД официјално го признаваат израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која е територија на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.