свет

„ЕУ не го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина“

ЕУ реагираше против потегот на американскиот претседател Трамп, кој го потпиша претседателскиот декрет со кој официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина

Ekipa  | 25.03.2019 - Обновена : 26.03.2019
„ЕУ не го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина“

БРИСЕЛ/МОСКВА (АА) - Од канцеларијата на портпаролот на Европската Унија (ЕУ) истакнаа дека не го признаваат израелскиот суверенитет врз териториите кои ги држи под окупација од 1967 година досега, вклучувајќи ја и Голанската Висорамнина, јавува Anadolu Agency (AA).

ЕУ реагираше против потегот на американскиот претседател Трамп, кој го потпиша претседателскиот декрет со кој официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Од канцеларијата на портпаролот на ЕУ во изјава за АА нагласија дека во согласност со меѓународните права, Унијата не го признава израелскиот суверенитет врз териториите кои ги држи под окупација од јуни 1967 година, и дека овие територии не ги смета како дел од Израел.

„Нашиот став не е променет. Не го признаваме израелскиот суверенитет врз териториите кои ги држи под окупација од 1967 година досега, вклучувајќи ја и Голанската Висорамнина“, истакнаа од канцеларијата на портпаролот на ЕУ.

- Русија со реакција против САД во врска со Голанската Висорамнина -

 Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја критикуваше одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, во врска со потпишувањето на претседателскиот декрет со кој официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Захарова во изјава за „Русское Радио“ реагираше против потегот на Трамп кој го потпиша претседателскиот декрет со кој официјално го признава израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

„За жал оваа одлука која е против меѓународното право, може да ги зголеми тензиите на Средниот Исток“, рече Захарова, критикувајќи ја одлуката на американскиот претседател.

Захарова истакна дека Русија претходно излегла со бројни изјави во врска со оваа одлука.

„Ваквите нешта остануваат надвор од правна основа. Ваквите одлуки кои ги игнорираат сите меѓународни работи, и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), уште повеќе ја влошуваат состојбата“, додаде Захарова.

- Одлуката на Трамп за Голанската Висорамнина -

Американскиот претседател Доналд Трамп, го потпиша претседателскиот декрет со кој САД официјално го признаваат израелскиот суверенитет врз Голанската Висорамнина.

Израел од 1967 година ја држи под окупација Голанската Висорамнина која е територија на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.