Michael Hernandez
07 Февруари 2019•Ажурирај: 07 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно наредната недела официјално ќе објави дека Сирија во потполност ја исчистиле од ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Калифатот ДЕАШ е десеткован", рече Трамп во обраќањето на состанокот на земјите кои ја сочинуваат глобалната коалиција против ДЕАШ кој се одржува во Вашингтон.
Истакна дека наредната недела ќе ја соопшти одлуката за тоа дека во Сирија и Ирак во потполност се исчистени од ДЕАШ.
Трамп предупреди дека и додека терористичката група ги губи и последните остатоци од своите територии, оперативците на ДЕАШ се се уште во регионот, како и дека понатаму ќе претставуваат закана.
„Бидете сигурни дека ќе направиме се што е потребно да го победиме и последниот човек во лудилото ДЕАШ", рече Трамп.
Во Вашингтон се одржува состанок на кој присуствуваат претставници на 79 земји кои се дел од коалицијата за борба против ДЕАШ.