Hacer Başer,Qais Omar Darwesh Omar
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ЏЕНИН (АА) - Новинарот Али ес-Сумуди, кој беше повреден во инцидентот во кој животот го загуби репортерката на телевизијата „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех, истакна дека израелските сили директно и намерно ги гаѓале новинарите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, Сумуди, репортерот на палестинскиот весник „Ерусалим“, кој бил повреден кога израелските сили отвориле оган во бегалскиот камп „Џенин“, за време на инцидентот бил заедно со Абу Аклех и новинарите.
Тој информира дека новинарите биле во близина на училиштата поврзани со Агенцијата на Обединетите нации за помагање на палестинските мигранти (UNRWA) и дека носеле специјални шлемови и елеци, при што нагласи: „Израелските сили директно ги гаѓаа новинарите.“
Наведувајќи дека Абу Аклех загинала и дека тој бил повреден, Сумуди рече: „Израелските војници јасно го гледаа местото каде што се наоѓаа новинарите. Немаше вооружен напаѓач или судири кај што се наоѓавме. Намерно бевме цел.“
- Убиство на фоторепортерката на „Ал Џезира“, Ширин Абу Аклех
Ширин Абу Аклех, теренската репортерка со долгогодишна работа за „Ал Џезира“, беше убиена од оган на израелски војници рано утринава додека го следеше нападот на израелските војници во бегалскиот камп „Џенин“ на окупираниот Западен Брег.
За време на својата должност репортерката носела челичен елек на кој пишувало „прес“. Аклех била тешко ранета во главата од огнот што го отвориле израелските војници со вистински куршуми.
Педесет и едногодишната новинарка, една од првата генерации на теренски репортери на „Ал Џезира“, долго време работи во регионот на снимање на нападите на Израел врз палестинскиот народ на окупираните територии.
Новинарката е родена во 1971 година во Ерусалим. Дипломирала на Катедрата за новинарство и медиуми на Универзитетот „Јермук“ во Јордан.
Претходно настана инцидент меѓу Палестинците и израелските сили, кои упаднаа во градот Џенин за да приведат еден Палестинец.