Şenhan Bolelli
02 Октомври 2017•Ажурирај: 02 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - По одржаниот референдумот за независност кој беше прогласен за незаконски од страна на Уставниот суд на Шпанија, свое обраќање во Барселона имаше Карлес Пучдемон, претседател на автономната покраина Каталонија, која се наоѓа во источниот дел на Шпанија. Пучдемон изјави дека во претстојните денови, резултатите од референдумот ќе бидат доставени до каталонскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Пучдемон рече дека доколку резултатот од референдумот е „ДА“, тогаш повикувајќи се на законите прифатени од страна на Парламентот на Каталонија, ќе се спроведат потребните чекори за „еднострано прогласување независност“. „Независноста ја добивме со туркање на раце“, рече претседателот Пучдемон.
„Каталонија веќе не е внатрешно прашање, туку европско прашање“, изјави Пучдемон, додавајќи: „Ја добивме почитта на Европа. Од овој момент, патот што ќе треба да го минуваме заедно, треба да биде исполнет со патриотизам и мирољубивост. Потребно е да покажеме почит кон желбите на Каталонците и да бидеме отворени кон повиците за дијалог, кои би биле од корист“.
Пучдемон рече дека во интервенцијата на шпанската полиција и жандармерија беа повредени 844 лица, и истакна: „Шпанската Влада во релациите со Каталонија денеска испиша една засрамувачка страница. За жал, тоа не е првпат“.
Покрај претседателот Пучдемон, на плоштадот „Каталонија“ во Барселона стоеја претставници на Владата на автономната покраина. Насобраните поддржувачи на независноста на покраината, со силен аплауз го поздравија говорот на претседателот Пучдемон.
- Над 90 отсто од гласачите ја поддржаа независноста на Каталонија -
Регионалната влада на Каталонија соопшти дека 90 отсто од Каталонците ја поддржале независноста на регионот, на референдумот за независност што се одржа вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Џорди Турул, портпаролот на владата, изјави дека околу 90 отсто од гласачите (2.020.144) гласале за независност, 176.565 гласачи биле против, 45.586 гласачки ливчиња биле празни, додека 20.129 биле неважечки.
Тој истакна дека од 2.315 избирачки места полицијата затворила околу 400.