свет

Италија го повтори ставот против нелегалните израелски населби на Западниот Брег

„Италија е против каква било израелска населба на Западниот Брег бидејќи тоа би ги поткопало темелите на проектот 'два народа, две држави' - единствено решение за стабилен мир на Блискиот Исток“, порача министерот Тајани

Necva Taştan Sevinç  | 06.08.2025 - Обновена : 07.08.2025
 Италија го повтори ставот против нелегалните израелски населби на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес го повтори противењето на неговата земја на израелските активности за населување на окупираниот Западен Брег, предупредувајќи дека тоа може да го поткопа дводржавното решение, јавува Анадолу.

„Италија е против каква било израелска населба на Западниот Брег бидејќи тоа би ги поткопало темелите на проектот 'два народа, две држави' - единствено решение за стабилен мир на Блискиот Исток“, порача Тајани преку X.

Обединетите нации (ОН) ги сметаат сите израелски населби на окупираните палестински територии за нелегални според меѓународното право и континуирано предупредуваат дека нивното проширување ја еродира одржливоста на решението за две држави.

Од почетокот на геноцидната војна на Израел во Појасот Газа во октомври 2023 година убиени се најмалку 1.013 Палестинци, а над 7.000 се повредени на Западниот Брег од страна на израелските сили и нелегалните доселеници, според Министерството за здравство.

Минатиот јули Меѓународниот суд на правдата ја прогласи окупацијата на палестинската територија од страна на Израел за нелегална и повика на евакуација на сите населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.