„Израелската армија нападна уште една болница во Газа, прекинати се медицинските услуги“
„Лекарите и пациентите во болницата живеат во состојба на терор и сериозен страв,што е влошено од намерното исклучување на интернет мрежата на болницата од окупаторот за да ја изолира од надворешниот свет и суспендира медицинските услуги за цивилите“

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија нападна уште една болница во Појасот Газа, прекинувајќи ги медицинските услуги, соопшти Министерството за здравство на Газа, јавува Анадолу.
„Израелската армија ја гранатираше болницата Ал-Хелу во Газа со две ракети, што го оневозможи влезот или излезот од болницата“, изјави за Анадолу вчера директорот на Канцеларијата за медиуми на Министерството за здравство на палестинската енклава, Исмаил Ал-Тавабта.
„Лекарите и пациентите во болницата живеат во состојба на терор и сериозен страв, што е влошено од намерното исклучување на интернет мрежата на болницата од страна на окупаторот за да ја изолира од надворешниот свет и да ги суспендира медицинските услуги за цивилите“, рече Тавабта.
Тој нагласи дека ваквите постапки на Израел претставуваат „злосторства против човештвото“ и дека „военото злосторство е додадено во црното досие на (израелската) окупација“.
Според податоците на Министерството за здравство, најмалку 38 болници во Газа се уништени или се ставени надвор од употреба, 96 здравствени центри биле цел на напади, а 197 амбулантни возила се уништени или оштетени во напади на израелската армија од почетокот на нејзината геноцидна војна во октомври 2023 година.
Израелската окупација исто така изврши 788 директни напади врз здравствените објекти, персонал и синџири на снабдување и уби 1.670 медицински работници кои биле на хуманитарна должност.
„Овие документирани бројки не се само статистика, туку јасен доказ за политиката на окупацијата насочена кон животот, здравјето и достоинството на палестинскиот народ“, истакна тој.
„Овие злосторства нема да бидат заборавени со текот на времето“, рече официјалниот претставник, сметајќи ги Израел и САД за целосно одговорни.
Тој ја повика меѓународната заедница да ги преземе своите законски и морални одговорности за да ги запре тековните злосторства и да ги заштити цивилите и здравствениот систем во Појасот Газа.
Израелската армија уби над 66.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, во Газа од октомври 2023 година. Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата непогодна за живеење и доведе до глад и ширење на болести.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.