свет

Израел објави дека денес ќе го отвори граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет

- По враќањето на телата на уште четворица заробеници Израелци од страна на Хамас во текот на ноќта, Израел соопшти дека денес повторно ќе го отвори граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, портата на Газа кон светот

Enes Canlı  | 15.10.2025 - Обновена : 15.10.2025
 Израел објави дека денес ќе го отвори граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет

ЕРУСАЛИМ (АА) - По враќањето на телата на уште четворица заробеници Израелци од страна на Хамас во текот на ноќта, Израел соопшти дека денес повторно ќе го отвори граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, портата на Газа кон светот, во согласност со договорот за прекин на огнот, известува Анадолу.

Израелската државна телевизија КАН објави дека израелската Влада одлучила да ги укине санкциите што денес требаше да се воведат за Хамас.

Израелската власт одлучи Рафа, граничниот премин на Газа со Египет, денес да биде повторно отворен како што е планирано и дека влегувањето на хуманитарната помош ќе продолжи во согласност со договорот.

Се истакнува дека врз одлуката на Израел влијаело предавањето на уште четири тела на мртви заробеници Израелци од страна на Хамас во текот на ноќта, како и на уште неколку тела денес.


- Претходно Израел објави дека нема да го отвори граничниот премин Рафа во среда

И покрај договорот за прекин на огнот со Хамас, Израел објави дека во среда нема да го отвори граничниот премин Рафа, кој овозможува пристап до Појасот Газа преку Египет.

Израел како изговор за неотворањето на граничниот премин Рафа го наведе доцнењето во враќањето на телата на сите мртви израелски затвореници од страна на Хамас.

Како дел од размената на заробеници, Хамас синоќа на Црвениот крст им ги предаде телата на уште четворица затвореници Израелци. Така, како дел од договорот за прекин на огнот и размената на затвореници, Хамас ги предаде телата на осум од 28 мртви заробеници Израелци во Газа.

Во договорот за прекин на огнот меѓу страните се признава дека на Хамас ќе му биде тешко да ги лоцира сите тела поради двегодишните геноцидни напади на Израел врз Газа и континуираната окупација на делови од Газа од страна на израелската армија.

Поради тоа беше договорено да се формира комитет, во кој ќе учествуваат претставници на Турција, Катар, Египет и САД, за да се лоцираат останките од мртвите израелски затвореници во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.