Diyar Güldoğan
02 Август 2024•Ажурирај: 04 Август 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во разговор со американскиот колега Џо Бајден рекол дека Израел не сака прекин на огнот во Појасот Газа, известува Анадолу.
Во телефонските разговори, покрај билатералните односи меѓу Туркије и САД, двајцата лидери разговарале и за прашањето за Газа и за размена на заложници во Туркије.
Ердоган истакнал дека убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије „нанело тежок удар“ на напорите за прекин на огнот во Газа.
Нагласувајќи дека Израел работи на ширење на огнот од Газа во целиот регион, Ердоган посочил дека администрацијата на Нетанјаху не сака прекин на огнот во Појасот Газа.
Турскиот претседател се осврнал и на неодамнешниот аплауз за Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес. Ердоган рекол дека сликите од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се длабоко разочарувачки.
Бајден, од друга страна, му се заблагодарил на Ердоган за неговите напори да обезбеди размената на заложници да помине без проблем.