Hakan Çopur
02 Август 2024•Ажурирај: 04 Август 2024
ВАШИНТГОН (АА) - Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, ѝ се заблагодари на Туркије за давањето витална логистичка поддршка која што ја овозможи размената на затвореници реализирана под водство на разузнавачката служба МИТ, известува Анадолу.
„Многу сме ѝ благодарни на Туркије за давањето витална логистичка поддршка која го овозможи овој договор“, рече Саливан на брифингот со новинарите организиран онлајн.
Саливан рече дека договорот, кој ги вклучува и Германија, Словенија, Норвешка и Полска, ќе биде забележан како еден од најголемите договори за размена на заробеници меѓу САД и Русија.
Тој наведе дека големата операција на размена станала возможна со вклучувањето во договорот на Русите заробени во Норвешка, Словенија, Полска и Германија.
Националната разузнавачка агенција на Туркије (МИТ) вчера ја предводеше успешната размена на затвореници во која учествуваа 7 земји, како една од најопсежните операции на размена во последните неколку години.